Sony Xperia XA Ultra - Примање повици

background image

Примање повици

Доколку примите дојдовен повик додека уредот е во режим на мирување или екранот е заклучен,
телефонската апликација се отвора на цел екран. Доколку примите дојдовен повик додека екранот
е активен, дојдовниот повик се прикажува како лебдечко известување т.е минимизиран прозорец
што ледби брз отворениот екран. Кога ќе пристигне такво известување, може да одберете да
одговорите на повикот и да го отворите екранот на телефонската апликација или може да го
одбиете повикот и да останете на тековниот екран.

Одговарање на дојдовен повик кога екранот не е активен

Влечете го надесно.

Одбивање на дојдовен повик кога екранот не е активен

Влечете го налево.

За да се исклучи звукот на тонот на ѕвонење за дојдовен повик

Кога примате повик притиснете го копчето за јачина на звукот.

Користење на телефонската секретарка

Може да ја користите апликацијата за телефонска секретарка на уредот за одговарање на
повиците кога сте зафатени или за нивно пропуштање. Може да ја вклучите функцијата за
автоматско одговарање и да ги определите секундите на чекање пред да се одговори автоматски
на повиците. Може и рачно да ги пренасочувате повиците до телефонската секретарка кога сте
презафатени да одговорите. Може да пристапите до пораките оставени на телефонската
секретарка директно од уредот.

Мора да снимите поздравна порака за да ја користите телефонската секретарка.

Снимање поздравна порака за телефонската секретарка

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на Xperia™
> Поздрави.

3

Допрете Сними нов поздрав и следете ги инструкциите на екранот.

Вклучување автоматско одговарање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на Xperia™.

3

Повлечете го надесно лизгачот до Телефонска секретарка.

Доколку не поставите време на одложување за автоматското одговарање повици, се
користи стандардната вредност.

Пренасочување на дојдовниот повик до телефонската секретарка

Кога ќе пристигне повикот, повлечете го Опции за одговор нагоре, а потоа одберете
Одбиј со телефонската секретарка.

Кога ќе пристигне повикот, може да почекате да помине поставеното време на
одложување за телефонската секретарка автоматски да одговори на повикот.

68

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Поставување време на одложување за автоматското одговарање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на Xperia™.

3

Допрете Јави се по.

4

Прилагодете го времето лизгајќи нагоре и надолу.

5

Допрете Готово.

Преслушување пораки на телефонската секретарка

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на Xperia™
> Пораки.

3

Одберете ја гласовната порака што сакате да ја преслушате.

Пораките од телефонската секретарка може да ги преслушате и директно од дневникот
на повици доколку допрете .

Одбивање повик со текстуална порака

Може да одбиете повик со текстуална порака. Кога одбивате повик со таква порака, таа
автоматски му се испраќа на повикувачот и се зачувува во разговорот со пораки за контактот.
Може да одберете од однапред дефинираните пораки достапни на уредот или да создадете нова
порака. Може и да создадете свои персонализирани пораки со уредување на однапред
дефинираните.

Одбивање повик со текстуална порака кога екранот не е активен

1

Кога ќе пристигне дојдовниот повик, допрете Опции за одговор.

2

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Одбивање втор повик со текстуална порака

1

Кога ќе слушнете повторливи бипови во текот на повикот, допрете Опции за одговор.

2

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Уредување на текстуалната порака за одбивање повик

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Брзи одговори.

3

Допрете ја пораката што сакате да ја уредите, а потоа направете ги неопходните промени.

4

Допрете OK.