Користење на дневникот на повици
Во дневникот на повици можете да ги видите пропуштените , примените и бираните
повици.
Прегледување на пропуштените повици
1
Кога имате пропуштен повик, се појавува на лентата за статус. Повлечете ја лентата за
статус надолу.
2
Допрете Пропуштен повик.
Повикување број од дневникот на повици
•
Допрете на бројот.
За да го уредите бројот пред да го повикате, допрете го и задржете го во дневникот на
повици, а потоа допрете Уреди го бројот пред повикот.
Додавање број од дневникот на повици во контактите
1
Допрете го и задржете го бројот прикажан во дневникот на повици и потоа допрете Додај
на контакт.
2
Одберете го постојниот контакт во којшто сакате да го додадете бројот или допрете
Креирај нов контакт.
3
Уредете ги деталите за контактот и потоа допрете ЗАЧУВАЈ.
Сокривање на дневникот на повици
1
Од својот Почетен екран, допрете на .
2
Најдете и допрете Телефон.
3
Доколку тастатурата е прикажана, допрете за да се прикаже дневникот на повици.
4
Допрете > Скриј дневн. на повици.