Sony Xperia XA Ultra - Споделување содржина со уредите на домашната мрежа

background image

Споделување содржина со уредите на домашната мрежа

Може да гледате или да репродуцирате медиумска содржина зачувана во вашиот уред на други
уреди, како што се ТВ-уредот или компјутерот. Тие уреди мора да бидат на истата безжична
мрежа и може да претставуваат ТВ-уреди или звучници на Sony. А може и на вашиот уред да
гледате или да репродуцирате содржина од другите уреди на домашната мрежа.
Откако ќе го поставите медиумското споделување помеѓу уредите, може, на пример, да ја слушате
музиката од домашниот компјутер на вашиот уред или да гледате фотографии направени со
камерата од уредот на ТВ-екран.

Репродукција на датотеки од уредите на домашната мрежа на
вашиот уред

Кога на вашиот уред репродуцирате датотеки од друг уред на домашната мрежа, тој уред игра
улога на сервер. Со други зборови, ја споделува содржината преку мрежа. Мора да ја вклучите
функцијата за споделување содржина на серверот и тој мора да му даде дозвола за пристап на
уредот. Тој мора да биде и поврзан на истата Wi-Fi мрежа како и уредот.

115

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Репродуцирање споделена песна на уредот

1

Проверете дали уредите со коишто сакате да ги споделувате датотеките се поврзани на
истата Wi-Fi мрежа како и вашиот уред.

2

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа пронајдете и допрете .

3

Допрете , потоа допрете Домашна мрежа.

4

Одберете уред од листата со поврзани уреди.

5

Пребарајте ги папките на поврзаниот уред и одберете ја песната што сакате да ја
репродуцирате. Откако ќе ја одберете, песната автоматски се репродуцира.

Репродуцирање споделено видео на уредот

1

Проверете дали уредите со коишто сакате да ги споделувате датотеките се поврзани на
истата Wi-Fi мрежа како и вашиот.

2

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа пронајдете и допрете Видео.

3

Допрете , потоа допрете Домашна мрежа.

4

Одберете уред од листата со поврзани уреди.

5

Пребарајте ги папките на поврзаниот уред и одберете го видеото што сакате да го
репродуцирате.

Преглед на споделена фотографија на уредот

1

Проверете дали уредите со коишто сакате да ги споделувате датотеките се поврзани на
истата Wi-Fi мрежа како и вашиот уред.

2

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа пронајдете и допрете Албум.

3

Допрете , а потоа допрете Домашна мрежа.

4

Одберете уред од листата со поврзани уреди.

5

Пребарајте ги папките на поврзаниот уред и одберете фотографија за прегледување.

Репродукција на датотеки од вашиот уред на уредите на домашната
мрежа

Пред да може да гледате или да репродуцирате медиумски датотеки од вашиот уред на другите
уреди на домашната мрежа, прво мора на уредот да го поставите споделувањето датотеки.
Уредите со коишто споделувате содржина се викаат клиентски уреди. На пример, ТВ-уред,
компјутер или таблет може да играат улога на клиентски уреди. Вашиот уред функционира како
медиумски сервер кога ќе им ја стави на располагање својата содржина на клиентските уреди.
Кога на уредот ќе го поставите споделувањето датотеки, на клиентските уреди мора да им дадете
и дозвола за пристап. Потоа, таквите уреди ќе се појават како регистрирани уреди. Уредите
коишто чекаат дозвола за пристап се наведени како уреди на чекање.

Поставување на споделувањето датотеки со други уреди на домашната мрежа

1

Поврзете го уредот со Wi-Fi мрежа.

2

Од својот Почетен екран, допрете , па пронајдете и допрете Поставки > Конекција
на уредот
> Медиумски сервер.

3

Повлечете го лизгачот Сподели медиуми надесно.

4

Користете го компјутерот или другите клиентски уреди на домашната мрежа поврзани на
истата Wi-Fi мрежа за да го поврзете уредот.

5

Во лентата за статус на уредот се појавува известување. Отворете го известувањето и
поставете ги дозволите за пристап за секој клиентски уред којшто се обидува да се поврзе
со уредот.

Чекорите за пристапување до медиумите на уредот со користење клиент на домашната
мрежа се разликуваат помеѓу клиентските уреди. Погледнете го упатство за корисникот на
клиентскиот уред за повеќе информации. Ако уредот не може да се поврзе со клиент на
мрежата, проверете дали работи Wi-Fi мрежата.

Може и да пристапите до менито Медиумски сервер од одредени апликации, како на
пример Music или Албум, со влечење на левиот раб од почетниот екран на апликацијата
надесно и со допирање на Поставки > Медиумски сервер.

116

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Прекин на споделувањето датотеки со другите уреди на домашната мрежа

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > Медиумски сервер.

3

Повлечете го лизгачот покрај Сподели медиуми налево.

Да поставите дозволи за пристап за уред што чека

1

Од Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > Медиумски сервер.

3

Одберете уред од Уреди што чекаат листата.

4

Одберете го нивото на дозволување пристап.

Промена на името на регистрираниот уред

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > Медиумски сервер.

3

Изберете уред од листата Регистрирани уреди, а потоа изберете Промени име.

4

Внесете ново име за уредот и потоа допрете OK.

Измена на нивото на пристап на регистриран уред

1

Од Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > Медиумски сервер.

3

Одберете уред од Регистрирани уреди листата.

4

Допрете Пром. ниво на пристап и одберете опција.

Помош за споделувањето содржина со другите уреди на домашната мрежа

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > Медиумски сервер.

3

Допрете и потоа допрете Помош.