Sony Xperia XA Ultra - Поврзување на уредот со USB уреди.

background image

Поврзување на уредот со USB уреди.

Може да користите USB Host адаптер за да го поврзете уредот со USB уреди како на пример USB
уреди за масовно зачувување и USB глувче. Ако USB уредот има микро USB конектор, USB Host
адаптерот не е потребен.

Овој уред има USB порта без капак. Ако уредот е изложен на вода, погрижете се USB
портата да биде целосно сува пред да го вметнете USB кабелот.

USB Host адаптери се продаваат засебно. Sony не гарантира дека сите USB уреди се
поддржани од уредот.

За да поврзете USB уред со користење на USB host адаптер

1

Прикачете го USB Host адаптерот на уредот, а потоа поврзете го адаптерот со USB уред.

2

Од вашиот Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска > Откриј
USB-уред
.

Може да се потребни дополнителни чекори или софтвер за да ги поставите контролните
команди за игри, USB аудио и USB Ethernet помошни уреди. Sony не гарантира дека
уредот ги поддржува сите USB помошни уреди.

117

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да пристапите до содржина на USB уредот за масовно зачувување со помош
на USB Host адаптер

1

Прикачете USB Host адаптер на вашиот уред, а потоа поврзете го адаптерот со USB уред
за масовно зачувување.

2

Од вашиот Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска > Откриј
USB-уред
.

4

За да пристапите до датотеки и папки на USB-меморија, користете апликација за
управување со датотеки, каква што е File Commander.

Исто така, можете да ја отворите соодветната медиумска апликација на вашиот уред за
директно да ја гледате содржината. На пример, може да ја отворите апликацијата за
албумот за да ги видите фотографиите меморирани на USB уредот за масовно
зачувување.

За да поврзете USB уред со користење на микро USB конектор

1

Прикачете го микро USB конекторот од USB помошниот уред на уредот.

2

Од Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска > Откриј
USB-уред
.

Sony не гарантира дека сите USB помошни уреди со микро USB конектор се поддржани
од уредот.