Поставки за режимот Не вознемирувај
Може да го поставите уредот на режимот Не вознемирувај и рачно да одлучите колку долго уредот
ќе биде во режимот Не вознемирувај. Може и автоматски претходно да го поставите уредот да
биде во режимот Не вознемирувај.
Нема временско
ограничување
Нека уредот биде во тивок режим додека рачно не го вклучите звукот.
За еден час
Нека уредот биде во тивок режим во траење од еден час. Може да ги допрете иконите
минус и плус за да го приспособите времетраењето.
Активирање на режимот Не вознемирувај
•
Притискајте го копчето за јачина на звукот додека не се појави .
Брзо менување помеѓу режимите Не вознемирувај/вибрирање/звук
1
Притиснете го копчето за јачина на звукот надолу или нагоре додека не се појави ,
или
2
Допрете ,
или за брзо менување помеѓу режимите Не вознемирувај/вибрирање/
звук
56
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Закажување временски интервали за режимот Не вознемирувај
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Не вознемирувај >
Автоматски правила.
3
Одберете го времето или настанот за којшто сакате да го закажете режимот Не
вознемирувај или додајте ново правило.
4
Пронајдете и допрете Денови и обележете ги полињата за избирање за соодветните
денови, а потоа допрете Готово.
5
За да го прилагодите почетното време, допрете Време на започнување и одберете
вредност, потоа допрете OK.
6
За да го прилагодите завршното време, допрете Време на завршување и одберете
вредност, потоа допрете OK. Уредот ќе остане во режимот Не вознемирувај за време на
одбраниот временски интервал.
Поставување исклучоци за режимот Не вознемирувај
Може да одберете кои типови известувања може да се огласуваат во режимот Не вознемирувај и
може да ги филтрирате исклучоците врз основа на испраќачот. Најчести типови исклучоци се:
•
Настани и потсетници
•
Повици
•
Пораки
•
Аларми
Дозволување исклучоци во режимот Не вознемирувај
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Не вознемирувај >
Дозвол. само во Приоритет.
3
Повлечете го лизгачот покрај саканата опција.
Поврзување исклучоците со одредени типови контакти
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Не вознемирувај >
Дозвол. само во Приоритет.
3
Допрете Повици или Пораки.
4
Одберете опција.