Sony Xperia XA Ultra - Поставки на фотоапаратот

background image

Поставки на фотоапаратот

За да ги приспособите поставките за камерата

1

Активирајте ја камерата.

2

За да се прикажат сите поставки, допрете .

3

Изберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, потоа уредете ја по желба.

Преглед на поставките за фотоапаратот

Резолуција

Пред да фотографирате, одберете помеѓу неколку резолуции и размери. Фотографијата со
повисока резолуција бара повеќе меморија.

21MP
5312×3984(4:3)
Резолуција од 21 мегапиксел со размер 4:3. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на екрани без
широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

16MP
5344×3008(16:9)
Резолуција од 16 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

8MP
3264×2448(4:3)
Резолуција од 8 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на екрани без
широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

8MP
3840×2160(16:9)
Резолуција од 8 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

3MP
2048×1536(4:3)
Резолуција од 3 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на екрани без
широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

2MP
1920×1088(16:9)
Резолуција од 2 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

Автотајмер

Со автотајмерот може да фотографирате без да го држите уредот. Користете ја оваа функција за
да правите авто-портрети или групни фотографии каде сите може да бидат на фотографијата.
Може исто така да го користите автотајмерот ако сакате да избегнете тресење на камерата кога
фотографирате.

Вклучено (10 секунди)
Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата, па до моментот на
фотографирање.

Вклучено (2 секунди)
Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата, па до моментот на
фотографирање.

0,5 сек.
Поставете одложување од половина секунда од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата, па до моментот на
фотографирање.

Исклучено
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го допрете екранот на камерата.

Следење објекти

Кога ќе изберете некој објект, така што ќе го допрете во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го
следи за вас.

101

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

HDR

Користете ја поставката HDR (High-Dynamic Range) за фотографирање при силно заднинско
светло или во услови на остар контраст. HDR компензира за загубата на детали и произведува
слика којашто добро ги претставува и темните и светлите подрачја.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

ISO

Можете да го намалите замаглувањето на сликата предизвикано од темните услови или
движењето на предметите со зголемување на ISO-чувствителноста. Исто така, доколку сакате да
направите светла слика дури и во темни услови, може да ја поставите ISO-чувствителноста на
поголема вредност.

Автоматски
Автоматски ја поставува ISO-чувствителноста.

50
Ја поставува ISO-чувствителноста на 50.

100
Ја поставува ISO-чувствителноста на 100.

200
Ја поставува ISO-чувствителноста на 200.

400
Ја поставува ISO-чувствителноста на 400.

800
Ја поставува ISO-чувствителноста на 800.

1600
Ја поставува ISO-чувствителноста на 1600.

3200
Ја поставува ISO-чувствителноста на 3200.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Премерување

Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина што паѓа на предметот што сакате да го снимите.

Центар
Ја одредува експозицијата во зависност од светлината во центарот на предметот.

Точка
Ја прилагодува експозицијата на мал дел од предметот што сакате да го снимите.

Просечно
Ја пресметува експозицијата според количината на светлина што паѓа на целиот предмет.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Блиц

Користете блиц за да фотографирате кога осветлувањето е слабо или кога постои заднинско
осветлување. Следниве опции се достапни при допир на иконата блиц на екранот на камерата:

Автоматски
Камерата автоматски одредува дали осветлувањето бара користење на блиц.

Вклучен блиц
Користете ја оваа поставка кога позадината е посветла од предметот. Оваа поставка ги отстранува несаканите
темни сенки.

Нам. на ефек. црвени очи
Ја намалува црвената боја на очите при фотографирање.

102

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Исклучено
Блицот е исклучен. Понекогаш квалитетот на фотографијата може да биде подобар без блиц, дури и ако
осветлувањето е слабо. Правењето добра фотографија без да се користи блицот бара мирна рака. Користете
автотајмер за да избегнете замаглени фотографии.

Светилка
Блицот е вклучен кога фотографирате.

Одбирање сцена

Користете ја функцијата за одбирање сцени за брзо поставување на камерата за вообичаени
ситуации користејќи претходно програмирани сцени. Камерата нуди одредени поставки за
приспособување на одбраната сцена, што обезбедува најдобра можна фотографија.

Исклучено
Функцијата за одбирање сцени е исклучена и може рачно да фотографирате.

Фотографирање луѓе
Фотографирајте лица со помош на ефектот за подобрена убавина.

Фотографирање предмети
Користете ја за снимање фотографии наспроти мека позадина.

Намал. замаглув. при движ.
Користете ја за намалување на тресењето на камерата при снимање малку темни сцени.

Пејзаж
Користете ја за фотографии на пејзажи. Камерата се фокусира на далечни објекти.

HDR-поправање светло во задн.
Користете ја за подобрување на деталите кај слики со висок контраст. Вграденото поправање на светлото во
заднина ја анализира сликата и автоматски ја прилагодува за да се постигне совршено осветлена слика.

Ноќен портрет
Користете ја за ноќни портрети или портрети во слабо осветлени средини. Поради долгото време на експозиција,
камерата мора да се држи мирно или да се постави на стабилна површина.

Ноќна сцена
Користете ја при ноќно фотографирање или во слабо осветлени средини. Поради долгото време на експозиција,
камерата мора да се држи мирно или да се постави на стабилна површина.

Ноќно снимање со рака
Користете ја за рачно фотографирање при слабо светло со намалени пречки и замаглување.

Висока чувствителност
Користете ја за фотографирање без блиц во услови со слабо светло. Го намалува замаглувањето.

Храна
Користете ја за снимање храна во светли бои.

Милениче
Користете ја за фотографирање миленици. Го намалува замаглувањето и црвените очи.

Плажа
Користете ја за фотографирање сцени покрај море или езеро.

Снег
Користете ја во светли средини за да избегнете премногу осветлени фотографии.

Забава
Користете ја за фотографии во затворен простор со слабо осветлување. Оваа сцена користи осветлување од
заднината на затворен простор или од свеќа. Поради долгото време на експозиција, камерата мора да се држи
мирно или да се постави на стабилна површина.

Спортови
Користете ја за фотографии на предмети кои брзо се движат. Краткото време на експозиција го минимизира
замаглувањето при движење.

Документ
Користете ја за фотографии на текст или цртежи. Фотографијата добива зголемен, поостар контраст.

Огномет
Користете ја за фотографирање раскошни огномети.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

103

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.