Sony Xperia XA Ultra - Поставки на видео камерата

background image

Поставки на видео камерата

За да ги приспособите поставките за видеокамера

1

Активирајте ја камерата.

2

Лизнете со прст на

.

3

За да се прикажат поставките, допрете .

4

Изберете ја поставката што сакате да ја приспособите, па направете ги промените.

Преглед на поставките за видеокамерата

Избирање на сцена

Функцијата за одбирање сцени ви помага брзо да ја поставите камерата за вообичаени ситуации
користејќи претходно програмирани видео сцени. Секоја поставка за сцена е направена да даде
најдобар можен квалитет во специфична околина за снимање.

Исклучено
Функцијата за избирање на сцени е исклучена и може рачно да снимате видеа.

Фотографирање предмети
Користете ја за снимање видеа наспроти меки заднини.

Пејзаж
Користете за видеа на пејзажи. Камерата се фокусира на далечни објекти.

Ноќна сцена
Кога е вклучена, чувствителноста на светло е зголемена. Користете ја во слабо осветлени околини. Видеата на
предметите што се движат брзо може да станат замаглени. Држете ја мирно својата рака или користете
поддршка. Исклучете го ноќниот режим кога светлосните услови се добри, за да го подобрите квалитетот на
видеото.

Плажа
Користете ја за видеа од сцени покрај море или езеро.

Снег
Користете го во светли средини за да избегнете премногу осветлени видеа.

Спортови
Користете за видеа на предмети што брзо се движат. Краткото време на експозиција го минимизира
замаглувањето предизвикано од движење.

Забава
Користете за видеа во затворен простор со слабо осветлување. Оваа сцена користи осветлување од заднината
на затворен простор или од свеќа. Видеата на предметите што се движат брзо може да станат замаглени.
Држете ја мирно својата рака или користете поддршка.

HDR видео

Користете ја поставката за HDR (високодинамичен опсег) видео за снимање видео при силно
заднинско осветлување или во услови на остар контраст. HDR видеото компензира за загубата на
детали и произведува слика што добро ги претставува и темните и светлите области.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Видеорезолуција

Прилагодете ја видеорезолуцијата за различни формати.

Целосно ХД (30 fps)
1920×1080(16:9)
Формат на целосно HD (целосна висока дефиниција) со 30 fps и размер од 16:9.

HD
1280×720(16:9)
Формат HD (висока дефиниција) со размер 16:9.

VGA
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.

MMS

104

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Снимајте видеа соодветни за испраќање во мултимедиумски пораки. Времето на снимање во овој видеоформат е
ограничено за да ги собере видеодатотеките во мултимедиумската порака.

Следење објекти

Кога ќе изберете некој објект, така што ќе го допрете во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го
следи за вас.

SteadyShot™

Кога снимате видео клип, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага
преку компензирање за малите движења на раката.

105

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.